Утрински Весник
Македонија

Левица: Лицемерието на ДПМНЕ: Kашмир Салиу од “алчен кариерист” до заменик директор

Levica Logo.jpg

Соопштение на политичка партија Левица:

Минатата недела, власта го именуваше Кашмир Салиу за заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со што уште еднаш се разоткри дволичноста и недоследноста на ДПМНЕ во нивното политичко дејствување. Ова именување ја разоткри хипокризија на кадровската политика на владата, каде повторно се појавуваат истите истрошени кадри кои го поддржуваа режимот на Заев.

Да се потсетиме дека партијата на Мицкоски во 2017 година на прес-конференција од нивната советничка група во Гостивар, јавно го оцрнуваше токму Кашмир Салиу како „непожелна личност”! Тогаш ДПМНЕ го обвинуваше сегашниот заменик-директор Салиу дека манипулира со јавноста и дека „сè што постигнал во животот, го има постигнато преку коалицирање”. Партијата обвинуваше дека тој и неговото семејство уживаат во „квалитетни вработувања” токму поради нивното политичко коалицирање, нарекувајќи го Салиу „алчен кариерист” кој манипулира со бројки и вистини за лични интереси.

Истиот човек, кој претходно беше обележан како неприфатлив и некомпетентен, сега станува клучен фактор во една од важните државни институции. Со оглед на катастрофалната состојба во која се наоѓа ДЗС и огромните штети од пожарите поради неспособноста на оваа институција, ваквото кадровско решение само ќе ги продолжи штетните политики врз грбот на општата безбедност на народот.

Ова е јасна порака дека Мицкоски не води политика заснована на принципи и вредности, туку на моментални интереси и партиски калкулации. Ваквата промена во ставовите на ДПМНЕ ја отсликува нивната вистинска природа: дека за нив не постојат трајни приоритети и принципи, туку само потреба за политички маневри и поддршка кога е во прашање теснопартискиот интерес.

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите