Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Тешка ноќ

Левандовски: Тешка ноќ

Во второто коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Барселона беа поразени со 0:2 на гостувањето кај Баерн во Минхен.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот напаѓач на Баварците Роберт Левандовски се врати во Минхен во дресот на каталонскиот великан, но по поразот разочаран си замина од „Алијанц“ арената, која во оваа пригода го пречека со аплаузи и свирежи.

Полскиот напаѓач по натпреварот се огласи на социјалните мрежи.

„Ова беше тешка ноќ, сега е време да се фокусираме на иднината“, напиша Левандовски на Инстаграм.

Полскиот фудбалер помина осум години во дресот на баварскиот гигант. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на клубот зад легендарниот Герд Милер.

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија