Утрински Весник
Македонија

Летоци со повик за бојкот на изборите во скопски Чаир – „Ако си муслиман не гласај“

20240507 153641 1024x768 1.jpg

На повеќе локации во скопски Чаир денеска се појави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди.

Пораката е во изборен контекст, без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските, пренесе 360 Степени.

Но овие повици на бојкот се очигледно религиски мотивирани затоа што на дел од пораките пишува: „Ако си муслиман, не гласај“ додека на друг леток пишува: „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.

Можете да прочитате

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме