Утрински Весник
Спорт

Лео Меси против Австралија ќе го игра мечот „број 1.000“ во кариерата

Лео Меси против Австралија ќе го игра мечот „број 1.000“ во кариерата
Ss2

Аргентина и Австралија ќе се сретнат вечерва во осминафиналето на СП 2022, а големата ѕвезда на „гаучосите“ и на светскиот фудбал, Лео Меси, ќе ја предводи селекцијата на својот официјален натпревар – број 1000. Оваа импресивна бројка е постигната со екипите на Барселона и на ПСЖ и националниот тим на Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Единствениот Аргентинец кој може да се пофали со вакво достигнување е Хавиер Занети, кој има 1.114 натпревари во кариерата.

Ss1

Аргентинците се меѓу големите фаворити за титулата во Катар. „Албиселесте“ не станале шампиони од 1986 година и сите чекаат Лео Меси да го одведе тимот до првото место на СП во Катар.

Тимот на Скалони започна со шокантен пораз од Саудиска Арабија со 1:2 на почетокот на Светското првенство, но не дозволи изненадување во следните два натпревари од групната фаза и го освои првото место во групата Ц.

Австралија е меѓу пријатните изненадувања на овој Мундијал.

Победникот од ова осминафинале во следната фаза ќе се соочи со подобриот од првиот осминафинален дуел меѓу Холандија и САД.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!