Утрински Весник
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно ќе се зема по стара цена

Foster.jpg

Министерството за здравство е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.

Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Министерството за здравство во континуитет спроведува активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени, велат од Министерството.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни