Утрински Весник
Спорт

„Лекип“ го објави тимот на годината

„Лекип“ го објави тимот на годината

Француски „Лекип“ го избра најдобриот тим за 2022 година. Место меѓу 11. најдобри има за најдобриот играч на СП во Катар, Лионел Меси и освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема.

dobivaj vesti na viber

На голот на најдобриот тим е Тибо Куртоа, белгискиот голман кој блескаше во Реал и беше еден од најзаслужните што мадридскиот клуб ја освои Лигата на шампионите.

Во одбрната се Кајл Вокер (Манчестер Сити), 20. годишникот од Лајпциг Јошко Гвардиол, Вирџил ван Дијк (Ливерпул) и Тео Ернандез (Милан).

Во средниот ред се Лука Модриќ, третиот најдобар играч на Светското првенство, неговиот поранешен соиграч од Реал Касемиро и Кевин де Брујне од Манчестер сити.

Нападот го предводат Лионел Меси (ПСЖ), најдобриот играч на Светското првенство, Килијан Мбапе (ПСЖ) кој беше најдобар стрелец во Катар и актуелниот освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема (Реал).

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување