Утрински Весник
Македонија

Лекарската комора го поздрави Предлог-законот за заштита од пушење: Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси

20240322115647 big 730x400 69.webp.webp

Лекарската комора на Република Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а сè со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи, се нагласува во денешното соопштение.

– Докторите секојдневно се соочуваат со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад. Кардиоваскуларните заболувања, малигните болести, хроничните белодробни состојби и бројни други здравствени проблеми, директно или индиректно се поврзани со пушењето и претставуваат сериозен товар и за поединецот и за здравствениот систем, истакнуваат од Комората.

Следејќи ги добрите европски практики, како што се подвлекува во соопштението, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, значително ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници на овие производи – особено кај младите – ефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање здрава животна и работна средина.

– Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси. Веруваме дека доследното почитување на законските ограничувања ќе резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество. Лекарската комора останува подготвена активно да учествува во креирање на јавна свест за опасностите од употребата на никотински и тутунски производи, како и да даде поддршка за мерките што водат кон поздрава, побезбедна и посовесна заедница, потенцираат од Комората.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец, подолго време и се заканувал на 38-годишна жена

СДСМ: Што носи анти-ЕУ кампањата – изолација на Македонија, затоа нема пари за плати во Армијата

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари