Утрински Весник
Магазин

Лекарот на 114-годишна жена открива што можеме сите да направиме за да живееме подолго

S1g8yuyjt 0 53 561 316 0 Large.jpg

Перл Берг имаше 114 години кога почина во февруари, што ја прави трета најстара личност во САД и деветта најстара личност во светот, според Геронтолошката истражувачка група. И покрај тоа што живеела повеќе од еден век, таа не држела строга диета, не земала скапи суплементи, дури и не следела одредена рутина за вежбање.

„Се чинеше дека таа само се обидуваше да го живее животот во потполност“, откри нејзиниот лекар Џереми Лорбер од болницата Седарс-Синаи во Лос Анџелес.

Тој истакнува дека Берг имала флексибилен пристап со здрав разум кон животот, особено кога станува збор за слатките.

„Таа никогаш не пушела, само повремено пиела голтка вино, пиела свежо цеден сок од портокал секое утро, јадела многу малку мррсна храна и консумирала само умерено количество десерт. На 102 години сакала десерт секој ден, а на 106 години бараше слатки секое утро и попладне“, рече тој.

Она што беше истакнато во нејзината рутина беше навиката да одржува социјален контакт и чувството за цел. Била активна во локалната заедница, во синагогата, била и член на литературниот клуб и волонтирала.

„Работите што ги идентификував со неа и со другите пациенти кои живеат долго и добро се одржување на целта, додавање активности или работа на нови хоби“, истакна д-р. Лорбер.

Како што сугерира примерот на Перл Берг, некои од најдобрите стратегии за долг и здрав живот се бесплатни. Навиките како одржување силни врски, одвојување време за опуштање и редовни, лесни вежби како пешачење, играње игри со семејството или градинарство постојано се поврзуваат со подобри шанси да се живее до старост без да се трошат многу пари.

Можете да прочитате

Доаѓа голема љубов: Овие 4 хороскопски знаци се родени за да го најдат партнерот од соништата, сите желби им се остваруваат

Почина фолк пејачката Тања – сопругот се прости со трогателни зборови

Задушница или Духовден? Кои обичаи не треба да ги правите