Утрински Весник
Македонија

Лекарите од Детска Клиника сториле низа пропусти, поради кои почина 14-месечното бебе

Bebe 4.jpg

Доктори од Клиниката за детски болести на 3 октомври годинава направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина, покажа стручниот надзор на Министерството за здравство. Како што објави „Слободен печат“ родителите го носеле бебето во болницата но биле одбивани за хоспитализација.

На Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ пак, констатирана е неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

Стручниот надзор утврди пропусти од 3 типа: системски, технички и во однос на стручноста. Во системските утврдено е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациенти при прием и дека има потреба од континуирана обука за докторите на Детска клиника за срцеви болести. Во однос на техничките пропусти, во Козле е утврдено дека има потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една до друга установа, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари кажа дека извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија во Лекарската комора и оти се надева дека ќе биде разгледан сериозно и ќе се преземат мерки.

За случајот со 31-годишната родилка од Куманово која на 27 септември почина комисијата не констатирала пропусти

Можете да прочитате

Приведен тинејџер од Скопје: Не застанал на знак од полицијата, па нападнал полицајци

Меџити се сретна со делегација на МАТТО предводена од Адемоски

МВР започна кампања „До вас, за вас”