Утрински Весник
Магазин

Лекарите кои ја проучуваат долговечноста тврдат дека ова е најдобрата храна за здрав живот

Povrce.jpg
300x250 (7)

Експертите велат дека има многу работи што можеме да ги направиме за да ги зголемиме нашите шанси за подолг живот. На пример, можеме да започнеме со исхрана.

Кажете им збогум на ултра-обработената храна и префрлете се на цели зрна, овошје и зеленчук. Еве што избираат од храната професионалците, како совет за долг и здрав живот.

Ss1

Зелкаст зеленчук
Брокулата, зелката, кељот и бриселското зелје се преполни со хранливи материи кои можат да ви ги зголемат шансите за долг и квалитетен живот. Д-р. Марк Хајман специјалистот за долговечност вели дека тајната е во антиинфламаторните, антиканцерогените и анти-стареечките фитонутриенти кои се наоѓаат во зелкастиот зеленчук.

Масна риба
Сардината, харингата и лососот се одлични извори на протеини и омега-3 масни киселини. Според др. Хајман, јадењето мрсна риба двапати неделно е доволно за да се намали ризикот од срцев удар, аритмија, мозочен удар, висок крвен притисок и покачени триглицериди.

Екстра девственото маслиново масло
„Само половина лажичка екстра девствено маслиново масло дневно може значително да го намали ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести, невродегенеративни болести, респираторни заболувања и рак“, тврди др. Хајман.

Бобинки
Прескокнете го десертот и препуштете се на бобинки, богати со антиоксиданси и малку шеќер.

Ферментирана храна
Од кимчи преку комбуха и кисела зелка, ферментираната храна содржи корисни бактерии кои помагаат во одржувањето на здравјето на цревата.

Јаткасти плодови и семиња
Овие намирници се преполни со влакна и протеини, понекогаш растителни омега-3 масни киселини. Оревите се одличен пример.

Обичен јогурт
Обичниот јогурт содржи многу протеини, калциум и магнезиум, како и гама-аминобутерна киселина, невротрансмитер кој го релаксира телото, го намалува стресот и го подобрува сонот.

Темно чоколадо
Темното чоколадо има повеќе антиоксиданси дури и од боровинките, уште една храна која придонесува за долговечност. Темната чоколада е здрава и за мозокот. Важно е да се изберат само сорти со 75 проценти какао или повеќе.

Мешунките
Мешунките можат да го стабилизираат шеќерот во крвта и да го намалат холестеролот.

Домати
Доматите содржат ликопен, антиоксиданс кој помага за здравјето на кардиоваскуларниот систем, како и витамин Ц кој е неопходен за силен имунитет.

Ss1

Можете да прочитате

Вишната го намалува крвниот притисок

Дејвид Бекам ја изнесе на грб сопругата Викторија од роденденската забава

Една од најпопуларните атракции во Барселона „избришана“ од Гугл и Епл Мапс