Утрински Весник
Македонија

Лефков: Одговорност за долгогодишното испумпување на пари од ФЗОМ и Клиниките мора да има

Mile Lefkov 25.01.2025.jpg

Интегрален текст од прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Мафијата на смртта поддржана од Филипче ги чини граѓаните животи, додека тие профитираат, народот страда.


Го повикуваме ФЗОМ да ја објави вистината за екстра профитите на мафијата на смртта, и колку секоја година некој става во џеб, а пациентите не го добивале тоа што треба.

Го повикуваме ЈО да не чека и да почне да постапува.

Не може цела држава да биде заложник на една веледрогерија со блиски релации со опозицијата.

Тоа што Венко Филипче имал лични врски со таа веледрогерија втемелени на партиска припадност не може да биде амнестија за народот да страда.

Три децении пациентите се заложници на мафијата на смртта, која уништува животи.

Ниту Венко Филипче, ниту мафијата на смртта предводена од веледрогеријата др. Пановски не можат да бидат над законите.

Одговорност за долгогодишното испумпување на пари од ФЗОМ и Клиниките мора да има. Потребни се одлучни мерки, да се заштитат пациентите и граѓаните во целост.

Можете да прочитате

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Вработен во ЈП вршел наплата во домови низ тетовско – парите наместо на благајна, си ги ставал во џеб

Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри