Утрински Весник
Спорт

Леброн Џејмс со нов рекорд

20250101112821 Big 730x400 95.webp.webp

Леброн Џејмс стана првиот во историјата кој почнал да игра во НБА како тинејџер и останал во најдобрата светска лига и откако наполнил 40 години.

Ова стана факт во поразот на Лос Анџелес Лејкерс со 110:122 од Кливленд Кавалирс во средба од регуларниот дел од сезоната во НБА.


Џејмс дебитираше во Лигата на 18 години, а на 30 декември наполни 40 години. Вчера тој постигна 23 поени за Лејкерси, но 27-те поени на Џерет Ален им помогнаа на Кавалирс да ја забележат осмата последователна победа.

Во својата славна кариера, Џејмс има 4 шампионски титули во НБА, а исто така 4 пати беше избран за МВП во своите 22 сезони, споделувајќи го ова достигнување и со друга легенда – Винс Картер.

Кавалирс се на врвот на Источната конференција, додека Лејкерс се седми на Западот.

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење