Утрински Весник
Спорт

Леандро Тросар пред трансфер во Арсенал

Леандро Тросар пред трансфер во Арсенал
300x250 (7)

Леандро Тросар е блиску до трансфер во Арсенал, пишуваат медиумите на Островот. Откако ја загуби трката за Михаило Мудрик, кој замина во Челси, Арсенал се сврте кон напаѓачот на белгиската репрезентација и Брајтон.

dobivaj vesti na viber

„Ми кажаа дека преговорите се во напредна фаза и трансферот би можел да биде завршен во следните неколку часа. Се договорија за личните услови, Тросар ќе добие долгорочен договор“, напиша Фабрицио Романо, еден од највлијателните новинари за фудбалски трансфери.

Ss1

Тросар оваа сезона постигна седум гола и додаде три асистенции на 17 натпревари за Брајтон. Тој не е во добри односи со менаџерот на Брајтон, Роберто де Зерби и побара да биде продаден.

Ss1

Можете да прочитате

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине