Утрински Весник
Спорт

ЛЕ: Гарначо стрелаше за Јунајтед, Трабзонспор го победи Ференцварош, Монако убедлив

ЛЕ: Гарначо стрелаше за Јунајтед, Трабзонспор го победи Ференцварош, Монако убедлив

Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 0:1 на „Сан Себастијан“ со голот на Алехандро Гарначо, но сепак шпанскиот тим поради подобра гол-разлика, за само еден гол, го освои првото место во групата Е од Лига Европа.

dobivaj vesti na viber

Трабзонспор го совлада Ференцварош со 1:0, со голот на Анастиос Бакасетас во седмата минута. Енис Барди настапи во вториот дел, а турскиот тим продолжува во Конференциската лига на УЕФА.

Феенорд го победи Лацио со 1:0 и се протна во Лига Европа, а италијанскиот тим ќе оди во Конференциската лига на УЕФА. Стрелец на единствениот гол беше Сантијаго Хименез.

Монако беше убедлив против Црвена Звезда и славеше со 4:1. Кевин Фоланд постигна хет-трик, а Милан Родиќ постигна автогол. За Црвена Звезда погоди Гелор Канга погоди од пенал.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0