Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага бакна жена среде снимање филм: сега и двете ќе одиме во пеколот

Лејди Гага бакна жена среде снимање филм: сега и двете ќе одиме во пеколот

Лејди Гага ќе ја глуми Харли Квин во долгоочекуваното продолжение на „Џокер“, Folie à Deux, а една сцена од снимањето на филмот ги избезуми фановите.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Куќата Гучи“ снимала во зградата на Врховниот суд заедно со својот колега Хоакин Феникс. Во текот на сетот Гага била видена како бакнува една жена минувач.

Таблоидите открија што претходело на ваквиот потег, а снимката од сетот набргу стана вирална.

Гага, односно Харли Квин, поминува покрај жена во толпа, која ѝ вика: „Ќе одиш во пеколот!“ Гага потоа се враќа назад, ја фаќа главата на жената и ја бакнува.

„Сега и двете ќе одиме во пеколот“, ѝ вели.

Фановите не престануваат да го коментираат моментот на бакнежот.

„Дали мислите дека оваа жена едноставно мирно ќе продолжи со својот живот откако ја бакна Лејди Гага?“ напиша еден фан, а друг додаде: „Ја видов оваа сцена со свои очи, тоа е крај за мене, момци“.

„Дали оваа жена е свесна колку имала среќа, Лејди Гага ја бакна“, напиша трет.

Можете да прочитате

Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок