Утрински Весник
Македонија

ЛДП на Зајкова вознемирила битолски советници со објава „Народот ќе дојде по своето“, се препорачува да се извини за да нема прекршочна постака

ЛДП на Зајкова вознемирила битолски советници со објава „Народот ќе дојде по своето“, се препорачува да се извини за да нема прекршочна постака
Ss2

Партијата ЛДП, претставувана од претседателката Моника Зајкова, ја вознемирила претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска заедно со останати советници. Ова го констатираше Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, чии членови сметаат дека вознемирувањето е сторено врз основа на политичка припадност и други видови уверување. На страницата на ЛДП-Битола, на ден пред Нова година, била поставена објава со наслов „Народот ќе дојде по своето“, за што Илиевска поднела претставка.

dobivaj vesti na viber

„Комисијата за дискриминација препорачува на политичката партија ЛДП да ги тргне објавите кои се недолични и упатени кон жена политичар и во иднина да се воздржи од слични објави. ‘Поинаку’ (независна група советници од Битола) Ви препорачува никогаш повеќе да не се занимавате со политика. Стоп за дискриминација кон било кој!“, напиша претседателката на Советот во Битола, Илиевска.

300x250 (7)

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација даде препорака на ЛДП најдоцна за 30 дена да ја отстрани содржината од социјалната мрежа за најдоцна 30 дена. Потоа, да и се извини на претседателката на Советот и советниците.

„Се препорачува Либерално демократската партија во иднина да се воздржи од изразување на содржини кои продуцираат вознемирување врз било која од дискриминаторските основи. Доколку дискриминаторот не постапи согласно оваа препорака, Комисијата за спречување дискриминација, согласно своите надлежности ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци“, стои во мислењето на Комисијата, потпишано од претседателот Исмаил Камбери.

До моментот на објавување, дискриминаторската објава на ЛДП, се уште не е избришана.

„Народот ќе си дојде по своето. Не знаеме што се сѐ кажало и која била причината за кавгата помеѓу претседателката на Советот, советникот Чулакоски од една страна и неколку граѓани од друга страна. Ама лажните ветувања, популизмот, секојдневните лаги и големите желби, кои се очигледно над реалните можности си го сторија своето. Нема потреба од замајување на јавноста, нема потреба од изигрување од лажни херои и жртви, се е веќе прочитано и видено. Година дена од новата власт, време е за работа, време е за вистински дела кои ќе останат за сите граѓани, ако времето веќе неповратно не е заминато“, стои во објавата на ЛДП-Битола.

Претставката ја поднела претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиеска, а е против ЛДП и Моника Зајкова како одговорно лице.

Ss1

Можете да прочитате

АСО: Неоправдано е зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата