Утрински Весник
Македонија

Лажна дојава за бомби во City Mall 

Img 3195.jpeg

Драма попладнево во City Mall откако на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи пристигнала закана дека во трговскиот центар се поставени експлозивни направи.

По добиената дојава, полициски екипи веднаш излегле на терен и презеле мерки за обезбедување на објектот, како во внатрешноста, така и во околината на трговскиот центар.


По извршените проверки, од МВР информираат дека станува збор за лажна дојава и дека не биле пронајдени никакви експлозивни направи.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот и откривање на лицето кое ја испратило заканувачката порака.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол