Утрински Весник
Свет

Лавров: Москва ќе преземе мерки доколку Финска и Шведска влезат во НАТО

Лавров: Москва ќе преземе мерки доколку Финска и Шведска влезат во НАТО

Москва ќе преземе воено-технички мерки на својата страна од границата доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Мораме да извлечеме заклучоци од приемот на Финска и Шведска во НАТО, а доколку тоа се случи, ќе преземеме соодветни воено-технички мерки од нашата страна на границата“, рече Лавров на годишната прес-конференција, на која ги презентира резултатите од Руската дипломатска активност во 2022 година, пренесува ТАСС.

На 18 мај 2022 година Хелсинки и Стокхолм ги поднесоа своите апликации за приклучување кон алијансата, но процесот беше блокиран од Турција барајќи двете земји да ја прогласат курдската организација за терористичка и да ги екстрадираат во Анкара оние осомничени за тероризам и вмешаност во пучот во 2016 година, како и укинување на забраната за испорака на оружје за Турција.

Можете да прочитате

Зеленски: Трамп нè турка во капитулација

Макрон вечерва се обрати до нацијата – Никој нема право да ја уништува Франција

Трамп за насилните протести: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола