Утрински Весник
Свет

Лавров: Европските политичари се патетични со тоа што ги ограничуваат визите за Русите

Лавров: Европските политичари се патетични со тоа што ги ограничуваат визите за Русите

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека европските политичари кои сакаат да го ограничат издавањето визи за Русите се патетични, нагласувајќи дека Москва нема да се самоизолира.

dobivaj vesti na viber

„ Мислам дека граѓаните на ЕУ не треба да бидат казнети како одговор на чекорите на блокот во однос на визните олеснувања за Русите“ – рече Лавров.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вчера изјави дека членките на ЕУ постигнале политички договор за суспензија на договорот за олеснето издавање визи меѓу Унијата и Русија.

Тој нагласи дека тоа е политички договор, а не правен текст, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени