Утрински Весник
Свет

Латвијците повикани своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади

20240427201452 Big 730x400 11.webp.webp

Властите на Латвија, балтичка земја што е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата.

“Апелираме до сите – при големото чистење, но и потоа – подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на потреба “, изјави градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис.

Градоначалникот додаде дека општинските службеници ќе се грижат за шпдарумите што му припаѓаат на градот.

Комисијата за цивилна одбрана во Рига објави дека „подрумите на јавните згради, училиштата, пензионерските домови, болниците и другите градски простории ќе бидат проверени од надлежните органи и ќе бидат подготвени како засолништа во случај на напад“.

„Имаме намера секој месец до крајот на годината да подготвуваме околу 100 засолништа“, соопштија од комисијата.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина