Утрински Весник
Македонија

Лапсус било вметнувањето на Егејците во Уставот, заменичката сакала да каже Евреите

Лапсус било вметнувањето на Егејците во Уставот, заменичката сакала да каже Евреите

Лапсус била изјавата за вметнување на Егејците во Уставот.

dobivaj vesti na viber

Заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека мислела на Евреите кога кажала Егејците.

„Секако, стануваше збор за лапсус. Мислам дека на сите ви е јасно дека станува збор за Евреите и им се извинувам на Егејците“, рече таа.

Аврамовска-Мадиќ во вчерашното гостување на „24 ТВ“ рече дека и Егејците ќе влезат во Уставот на нашата земја.

„Кога ќе го видат предлогот и кога ќе видат дека ништо не е лошо и дека во Уставот на Република Северна Македонија во преамбулата ќе влезат и другите народи што поднеле барање, тука не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Хрватите, Египќаните, Егејците и за многу други што ќе поднесат барање“, рече претходно Аврамовска-Мадиќ за време на гостувањето во емисијата.

Изјавата наиде на многубројни реакции во јавноста.

Можете да прочитате

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу