Утрински Весник
Магазин

 „Лакост“ со изменето лого му изрази поддршка на Ѓоковиќ

Img 8894.jpeg

Компанијата „Лакост“, која е технички спонзор на Новак Ѓоковиќ, е со најдобриот светски тенисер и кога му е најтешко. По повлекувањето од Ролан Гарос и повредата на менискусот, српскиот тениски ас беше подложен на операција на коленото во Париз, а францускиот бренд, на духовит начин, му испрати поддршка со желба за што поскоро рехабилитирање и враќање на терените.

Крокодилот, кој е заштитен знак на „Лакост“, заврши со колено во завои. Логото веднаш стана вирално, а набрзо преку својот профил го сподели и Тјери Гибер, извршен директор на славната француска компанија.

„Брзо опоравување и враќање во полна сила. Благодарност на Графа за креативноста“, пишува на официјалниот профил на брендот „Лакост“. Новото лого на компанијата го сподели и самиот Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Селин Дион со историски настап ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема