Утрински Весник
Македонија

Лага е дека еден јавен обвинител се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани – Обвинителството ја демантира ДУИ

Obvinitelstvo 1.jpeg

Од Јавното обвинителство тврдат дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација.

Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија, велат од Обвинителството.
Утринава, Демократската унија за интеграција во соопштение до јавноста наведе дека информациите оти еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, е аларм за целото општество.


Можете да прочитате

Сиљановска го свика Советот за безбедност

Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк трае од денеска  до 5 март 2026

СДСМ: Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби? Признание за договорот!