Утрински Весник
Македонија

Ладен атмосферски фронт ни носи големо заладување, северен ветер, дожд и снег

Meteoalarm.mk 43.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, денес четврток 30 април 2026 особено во пладневните  и во попладневните часови во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.


Поради заладувањето на планините над 1100/1200 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје и околината со овој ладен атмосферски фронт очекувам да има врнежи од дожд проследени со повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите на воздхот во текот на денешниот ден 30 април 2026 четврток значително ќе опаднат за околу па  и за повеќе од 10 степени во споредба на оние температури кои ги имавме до вчера и максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.

Да напоменам дека температурите кои ги очекувам од денес па во следните неколку денови ќе бидат пониски од просечните дури за околу 10 до 15 степени.

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи исчезна од Владата, па се јави од Тајланд

Николоски и Трајановски доцна вечерва на терен: Од утре ја пуштаме во употреба клучка Требениште на автопатот Охрид – Кичево 

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација