Утрински Весник
Свет

„Ла Република“: Различни групи кардинали имале приватни разговори пред конклавата

Kardinali.webp.webp

Кардиналите кои учествуваат на конклавата што почнува утре, 7 мај, според правилата, не треба да водат „предизборна кампања“, но неколку групи кардинали беа видени на вечери и собири, пренесува италијанскиот весник „Ла Република“. 

MK Summit

Правилата наведуваат дека кардиналите мора да се воздржат од каква било форма на преговори, договор или ветување, но правилата не ја спречуваат „размената на идеи за избори“. 


„Ла Република“ пишува дека африканските кардинали неодамна биле забележани во седиштето на Мисионерите на Африка, таканаречените Бели Отци, на „Виа Аурелија“ во Рим. Се наведува дека нивниот водач е надбискупот од Киншаса, Фридолин Амбонго, почитувана личност која одржува добри односи и со Јужноафриканецот Стивен Брислин и Шпанецот Кристобал Лопез Ромеро. 

Кардинали кои зборуваат англиски јазик, а доаѓаат од различни делови на светот, вклучувајќи ги земјите од Комонвелтот, Северна Америка, Азија и Африка, одржаа неколку заеднички вечери, но не се очекува да гласаат како обединет блок на конклавата. 

Во седиштето на Минхенската епархија, кардиналот Рајнхард Маркс беше домаќин на некои од 54-те европски кардинали, од кои многумина се водени од неговите совети, пишува италијанскиот весник. 

Италијанските кардинали се сретнаа неколку пати во помали групи, а во разговорите наводно вклучиле и неколку кардинали кои имаат над 80 години и нема да учествуваат на конклавата. 

Конклавата, односно собранието на кардинали, на кое ќе се гласа за изборот на нов папа ќе почне утре. Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по два дена. 

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија по 205 воени заробеници

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

Трамп за фотографијата на која е претставен како папа: Не им се допаѓа на фејк медиумите, католиците ја сакаат