Утрински Весник
Спорт

Лајпциг скокна на второто место, Баер го победи Штутгарт

Лајпциг скокна на второто место, Баер го победи Штутгарт

Гостите забележаа три победи на петте натпревари од саботната програма во 15.коло, во Бундеслигата.

dobivaj vesti na viber

Лајпциг со триумфот во Бремен и се искачи на второто место на табелата. Андре Силва и Шлагер беа стрелци во победата 2:1. Грос го постигна единствениот гол за Вердер.

Бохум славеше минимална победа во Аугсбург. Аџеи го постигна голот за победа, со кој Бохум го освои 13.бод во сезоната.

Гостинска победа славеше и Волфсбург над Хофенхајм.

На домашен терен Леверкузен го победи Штутгарт, а Херта славеше над Келн. Двата тима победија со 2:0.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина