Утрински Весник
Македонија

“ЛА НИЊА” ВЕЌЕ ЈА ЧУВСТВУВАМЕ СО ГОЛЕМ ИНТЕНЗИТЕТ: Невообиченото студено време и со чести врнежи ќе се задржи подолг период

20cd4f3c B8e1 46bb B9f6 2ec41f52fdd2 1.jpg

Пишува: Славчо Попоски

„Ла Ниња” веќе ја чувствуваме со зголемен интензитет, и истата ни го донесе раниот снег на планинските места во регионот, а во следниот период можно е снегот да се појави и на високите Македонски планини. Невообичаено ладното време за овој период од годината ќе се задржи и во текот на следната седмица, проследено со чести врнежи со променлив интензитет.

На табелата можеме да забележиме дека многу добро навлеговме во “Ла Ниња” и таа својот максимум ќе го достигне на самиот крај од оваа година. Токму ова очекуваме да донесе повеќе врнежи претстојната есен и зима, како и чести продори на ладен воздух од Арктикот, кои секако треба да донесат снежна зима на Балканот, па и во Македонија.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ