Утрински Весник
Свет

Лајчак: Средба Вучиќ и Курти за неколку недели

Лајчак: Средба Вучиќ и Курти за неколку недели
Dik 300x250 mk

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска по средбата со премиерот на привремените институции на Приштина Албин Курти изјави дека разговорите за нормализација на односите и следните чекори во тој процес треба да продолжат.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека за неколку недели во Брисел очекува средба на високо ниво со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но и со Курти.

Лајчак рече дека со Курти разговарале и за настаните на северот на Косово, како и за нормализирање на процесот на дијалог, пренесува Репортерс.

„За среќа, од 23 ноември веќе немаме рокови и кризи и можеме да разговараме за суштината. Затоа сум тука. Овие разговори да се претворат во нормализација на односите и да се разговара за следните чекори во процесот врз основа на документот што го презентирав овде. Сакаме да го искористиме овој моментум и сакаме средбата на високо ниво да се одржи за неколку недели“ – рече Лајчак на прес-конференцијата.

Тој рече дека со Курти разговарале за ситуацијата во северно Косово по повлекувањето на Србите од приштинските институции, полицијата и судството, како и за подготовките за локалните избори.

„Едно е јасно, дека имаме огромен безбедносен вакуум кој не е добар за луѓето и сакаме да се вратиме во нормала, каде полицијата си ја врши својата работа и каде функционираат судовите“, нагласи Лајчак.

Лајчак вчера во Белград разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а како што најави, тема било продолжување на дијалогот и враќање на Србите во привремените институции во Приштина.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп