Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс навести спин-оф на „Џон Вик“

Кијану Ривс навести спин-оф на „Џон Вик“

„Џон Вик: Поглавје 4“ ќе пристигне во кината наскоро, но холивудскиот миленик Кијану Ривс е возбуден поради друг проект.

dobivaj vesti na viber

Појавувајќи се на настанот CCXP во Бразил, 58-годишниот актер сподели нови детали за претстојниот филм „Балерина“, кој всушност е спин-оф на „Џон Вик“.

Дејствието на „Балерина“ ќе се врти околу ликот кој го глуми Ана де Армас и ќе ги следи погледите во поголемиот свет на убијци, кој „Џон Вик: Поглавје 3“ накратко го навести во неколку сцени.

 

„Таа е жена која бара одмазда. Некој го убил нејзиниот татко. Кој би можел да биде тоа? И така, тоа е нејзиното патување за да го разбере своето минато,“ објасни Ривс.

„Таа го изгубила својот татко на млада возраст, а всушност не знае што се случило. Некој влегол во куќата и го убил татко ѝ, а тој имал тетоважа. И како што знаеме во ‘Џон Вик’, ако имате тетоважа, нешто се случува“, сподели Ривс на панелот.

Ривс, исто така, откри дека е само спореден лик во филмот. Покрај Ривс се враќаат Јан Мекшејн и Ленс Редик како Винстон и Харон.

„Во филмот сум неколку секвенци“, објасни Ривс. „Сценариото е одлично, и приказната е одлична. Со нетрпение го очекуваме.“

Можете да прочитате

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер