Утрински Весник
Спорт

Моријасу ќе добие нов договор

Моријасу ќе добие нов договор

Јапонија, го заврши учеството на СП во Катар, во осминафиналето. По изведувањето на пенали, Јапонците испаднаа од Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Јапонците сигурно се најпријатното изненадување во досегашниот тек од СП. Ја освоија првата позиција во својата група, откако славеа победи над шампионите од 2014 и 2010 година, Германија и Шпанија.

И покрај елиминацијата од Мундијалот, селекторот Хаџиме Моријасу (54) ќе добие нов договор.

Тренерот од Нагасаки е на чело на репрезентацијата повеќе од четири години, а според информациите од Јапонија, тој ќе добие нов двегодишен договор, со клаузула истиот автоматски да биде продолжен за уште две, односно до крајот на Мундијалот во 2026 година.

Прв предизвик за Моријасу и неговите избраници ќе биде првенството на Азија кое ќе се одржи во 2024 година.

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест