Утрински Весник
Спорт

Квартаро ја одложил операцијата на прстот

Квартаро ја одложил операцијата на прстот

Возачот на Јамаха, Фабио Кваратараро го скрши средниот прст на левата рака и ќе мора да го оперира, но операцијата ќе му биде извршена по завршувањето на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Французинот се повреди на трката за ГН на Малезија, на четвртиот слободен тренинг, а бидејќи сè уште има теоретски шанси да ја одбрани титулата, реши да ја одложи операцијата.

Шампионот ќе се решава на 6  ноември на трката за Големата награда на Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“.

Франческо Бањаја има 23 поени предност пред Квартараро.

„Ќе се подготвам како лудак, бидејќи знам дека единствената опција да останам во конкуренција е да победам. Сакам да уживам во таа трка, тоа е последна во сезоната и да видиме каде сум“, рече Квартаро.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија