Утрински Весник
Македонија

Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните ќе одлучат по кој пат ќе продолжиме

Kuzeska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

-Денес беше мирен и успешен изборен ден, а изборите беа фер и демократски. Имаше одредени неправилности, но тие се незначителни за овој изборен процес, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на првата прес конференција по затворање на гласачките места.

Таа во име на СДСМ изрази благодарност до сите граѓани кои излегоа на изборите и гласаа. Особена благодарност до граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ и коалицијата „За Европска иднина“ и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

-Граѓаните ќе одлучат по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму. Во очекување сме на изборните резултати и дополнителмо ќе излеземе со податоци – рече портпаролката.

Во однос на тивкиот бојкот на албанскиот електорат, Кузеска рече дека секоја партија треба да одговори пред себе и пред граѓаните.

– СДСМ повикуваше на масовна излезност, повикуваше граѓаните да го искорисат правото на гласа, СДСМ не бил никогаш кочничар на демократските процеси – додаде Кузеска.

Можете да прочитате

МВР апелира на внимателно возење и почитување на правилата во пресрет на празниците

Мицкоски: Oбразованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба

Турското знаме подигнато пред Општина Кичево