Утрински Весник
Македонија

Кузеска: ДПМНЕ и Силјановска сакаат да се откажеме од единствената надеж за подобра иднината

Kuzeska 1.jpeg

Она што го нудат ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. Силјановска Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание. Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, посочи на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и продолжи:
-Толку јасно. Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро. Потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води оваа партија.
Не ни е потребна нова катастрофа, на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде партиски послушник, ќе ја кочи иднината на земјата и ќе бара да се откажеме од подобро утре.
Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ. Патот до ЕУ е тежок и долг, но сепак тоа е единствениот начин за суштински позитивни промени.
Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа  Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот.
На граѓаните им е потребен европскиот животен стандард европските вредности и европскиот живот дома, и тоа сега, а не за 100 години или никогаш.
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра