Утрински Весник
Балкан

Курти за годишнината од атентатот врз Ѓинѓиќ: Во Србија и денес им е загрозен животот на тие што се против авторитарната власт

Picture 551 660x487 1.jpg

Косовскиот премиер Албин Курти на годишнината од убиството на поранешниот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ изјави дека тоа е цената што тој ја плати поради неговите прозападни и прореформски ставови, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на платформата „Х“ по повод 21-та годишнина од атентатот врз Ѓинѓиќ, Курти напиша дека во Србија „заканите по живот на оние кои ја предизвикуваат авторитарната влас и натаму продолжуваат“- На денешен ден пред 21 година беше убиен Зоран Ѓинѓиќ. Тоа е цената што ја плати за прозападниот, прореформски став кој вклучуваше заминување на (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ во Хаг. Заканите по животите на оние кои ја предизвикуваат авторитарната влас и натаму продолжуваат, напиша Курти. 

Можете да прочитате

Седум лица се борат за живот по синоќешниот пожар во Омиш

Страшен пожар во Омиш, Хрватска, изгореа куќи и автомобили

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар