Утрински Весник
Свет

Курти сака да дојде до големи конфликти меѓу Србите и НАТО, вели Вучиќ за ситуацијата на Косово

Курти сака да дојде до големи конфликти меѓу Србите и НАТО, вели Вучиќ за ситуацијата на Косово

„Во последните три дена и политички неписмен човек можеше да разбере што се подготвува денеска, се беше организирано од Аљбин Курти, се со неговата желба да има голем конфликт меѓу Србија и НАТО“, рече претседателот Александар Вучиќ за ситуацијата на Косово.

dobivaj vesti na viber

„Србите во Косово се собраа пред општинските згради за да го изразат своето незадоволство од окупаторските градоначалници, бидејќи војниците на КФОР не ги заштитија Србите и не го спречија незаконското и насилно преземање на општините“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека КФОР со бодликава жица ги опколил зградите на локалните самоуправи во четири општини и додаде дека тоа требало да го направи во петокот и со тоа да ги спречи новоизбраните албански градоначалници да влезат во тие згради.

„Наместо тоа, ги пуштија лажните општински градоначалници да влезат во општинските згради за да ги заштитат од Србите, наместо да го прават спротивното. Обратно што требаше да го направат, ќе беше во согласност со изјавите, макар и декларативни, од Квинтата, ЕУ и САД, кои велат дека ова е погрешен и незаконски потег на Курти да испраќа новоизбрани градоначалници во општинските згради“, рече Вучиќ, пренесе Бета.

Повеќе од 50 граѓани беа повредени во денешните судири на Косово.

Можете да прочитате

Палестинската управа формира нова влада

Шпанската крајбрежна стража спаси 124 мигранти во близина на Канарските острови

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година