Утрински Весник
Свет

Курти претстави шест услови за формирање на ЗСО

Курти претстави шест услови за формирање на ЗСО

Косовскиот премиер Албин Курти постави шест услови за прифаќање на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, меѓу кои се таа да се формира по конечниот договор со Белград и да нема извршни овластувања.

dobivaj vesti na viber

Првиот услов е Унијата да биде во согласност со уставот и законите кои се во сила на Косово, вториот е да не може да биде еднонационален, третиот е да и се смени името и четвртиот е да не може да има која било јавна или извршна власт.

Според Курти, Заедницата мора да служи на хоризонталната соработка на општините во согласност со Уставот и законот за самоуправа. Потоа, правата на малцинствата треба да се воспостават на принципот на реципроцитет, што значи дека секое право на Србите на Косово треба да биде и за Албанците во Србија.

Како предуслов го наведе затворањето на нелегалните структури на северот на Косово и прифаќањето на повелбата на ОН за меѓудржавни односи и не попречување на апликацијата на Косово во Европската унија.

Петтиот услов е заедницата да биде дел од конечниот договор и да се формира по меѓусебното признавање.

Шестиот услов е претседателот на Србија да ги повлече писмата испратени на адресите на петте земји членки на ЕУ и другите да не го прифаќаат Косово како членка на Европската унија.

Курти, во обраќањето пред пратениците во собранието во Приштина, побара од високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, да повикува на чести и редовни средби за да се постигне конечен договор.

Можете да прочитате

Францускиот парламент го поддржа владиниот план за нуклеарна обнова: Клучната точка е изградбата на шест нови реактори

„Бугарија е приоритет“ – ЕУ издвојува 600 милиони евра за зајакнување на бугарската граница со Турција

Русија распореди ракетни системи на Курилските острови