Утрински Весник
Балкан

Курти: Подготвен сум за нови избори, но оставка не поднесувам

Kurti.webp.webp

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е подготвен за нови избори, но додаде дека нема да поднесе оставка, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција по повод тригодишнината од неговата влада, Курти рече дека е подготвен да се договори со опозицијата за распуштање на Собранието, но не и за уривање на Владата.

– Во однос на барањата на опозицијата, уште еднаш ќе кажам, утре во 11 часот ќе се навршат три години од стапувањето на функцијата. Влегуваме во последната година. Вечерва во 20 часот ќе се навршат три години откако гласаа за мене и за моите министри бидејќи ги прочитав имињата на сите пред 67 пратеници да кренат раце и да кажат „за“, рече Курти.

Тој порача дека може да договори друг датум од редовниот за парламентарни избори, бидејќи, како што се изрази, тогаш кога треба да се одржат во редовниот термин, наредната зима, „може временските услови да не бидат погодни“.

– Сакаме да продолжиме да владееме, но разбираме дека тоа се последните 12 месеци. По 12 месеци, идната зима, може временските услови да не бидат погодни. Времето кога се одржаа претходните избори не беше ниту лошо ниту добро. Ако сакаме изборите да не се одржат во зима, датумите можеме да ги одредиме заедно со опозицијата. Но, не можам да поднесам оставка, рече Курти.

Тој рече дека неговата вчерашна изјава дека, како што пренесоа медиумите, опозицијата не е способна да ги обезбеди потребните гласови во Собранието за да ја урне Владата и „понудата“ да ѝ помогне да го стори тоа, претставуваат погрешно толкување на неговиот одговор на новинарско прашање.

Можете да прочитате

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина

Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград