Утрински Весник
Балкан

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки

Kurti.webp.webp

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово ги исполнило сите барања на Европската унија за укинување на рестриктивните мерки што му беа наметнати и дека треба да бидат отстранети.

„Мерките што се во сила против Косово се спротивни на напорите на регионот за забрзана интеграција во ЕУ. Продолжуваме со нашите напори да отвориме повеќе можности во рамките на реформскиот дијалог на ЕУ. Во овој контекст, ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки и тие мора да се отстранат“, рече Курти на состанокот на Министерскиот совет за европска интеграција на Косово.

Тој изрази уверување дека Косово е подготвено да добие статус на кандидат за членство во ЕУ и да отвори преговори и многу поглавја кон членство.

На состанокот на Министерскиот совет за евроинтеграции се разговарало за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, како и за клучните реформи на Националната програма за европска интеграција од 2024 до 2028 година, јави Бета.

Можете да прочитате

Франција, Германија и Италија го информираа Курти дека не го исполниле условот за членство во Советот на Европа

Вучиќ: Ќе го посетам Фицо

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ