Утрински Весник
Македонија

Кумановка дала 2000 евра за патување – останала дома и без пари

Pari.webp.webp

На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови.

Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

СДСМ: Во уште четири села забранета вода за пиење, Мицкоски и Клековски ја отруја Македонија

Уапсени две лица, палеле кабли кај Буково

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи