Денеска во 10 часот, повторно пред просториите на Министерството за финансии, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.
„Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари“, се потенцира во соопштението од Синдикална организација при Министерството за култура на УПОЗ.
Вработените во овие три институции, како што се појаснува бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.