Утрински Весник
Македонија

Крмов: Власта шверца долг од шест милијарди евра во рок од пет минути

Borislav krmov scaled 1.jpg

Соопштение на Левица:

Левица алармира за скандалозна постапка на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ која во екпресна процедура се обидува да протурка ново задолжување од 6 милијарди евра, без јавна расправа и транспарентност.


Во денешното процедурно обраќање пред Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, остро реагираше на, како што ја нарече, „шверцерската” постапка на владејачкото мнозинство.

„Вчера, точно во 17:56 добивме СМС, а само пет минути подоцна, седницата беше надополнета со нова точка на дневен ред – ратификација на договорот за стратешко партнерство помеѓу Република Македонија и Велика Британија,” изјави Крмов.

Станува збор за договор со кој државата се обврзува на ново задолжување од 6 милијарди евра. Со тоа, како што потенцираше Крмов, вкупниот нов долг надминува вредност на еден цел државен буџет на Републиката.

„Вакво нешто не се брза! Ова е повеќегенерациски долг којшто оваа Влада секако нема ни да го врати! Значи ова треба општеството да одлучи, вакво нешто не е ветено на избори и ние ако сакаме да покажеме дека сме сериозна држава вакво нешто не смееме да брзаме!” – истакна координаторот на пратеничката група на Левица.

„Претседателот на Собранието не смее да биде слуга на власта, па сѐ што ќе предложи власта во две секунди да го става на дневен ред. Мора да има некои правила! Бидејќи е ситуацијата пресериозна, за да се соземете – барам еден час пауза.” – посочи Крмов, по што седницата беше одложена за еден час.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди