Соопштение на Левица:
Македонското знаме беше палено, газено. Полицијата не реагираше како што треба. ДУИ прво најавуваше жешко лето, па жешка есен и еве жешката есен им се случи, а тие излегоа неспремни. Ама јас сакам да ја поставам тезата дека ова за жал не треба да нè изненадува, јас мислам дека албанскиот политички фактор работи на ова од 2001, под покровителство на условно речено големите македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За жал, кај нас граѓанинот по потекло Албанец е дефиниран како анти-Македонец и тој не го може да го слави Денот на албанското знаме, ако не го гази македонското знаме, истакна Борислав Крмов, пратеникот на Левица, во видеоинтервју за Слободен печат.
По однос на изјавите на Африм Гаши за инциденотот, Крмов истакна дека неговата изјава дека „не си патриот ако го сакаш само сопственото знаме, туку треба да го почитуваш и туѓото” е всушност концептот на една албанска нација во три држави.
-„Слично соопштение, во сличен манир, имаше и ВРЕДИ, државното знаме беше окарактеризирано како знаме на друга заедница. Се гаи анти-македонизам, непочит спрема државата, непочит спрема законите, спрема државните инсигнии, химната… Во такви ситуации, каков сигнал праќаат политичките претставници на албанското етничко малцинство, кога велат дека ако воопшто треба да се почитува македонското знаме, тоа е затоа што е знаме на ‘друга заедница’, наместо да се почитува бидејќи е тоа наше знаме. Никаде зборот ‘наше знаме’ не беше употребен”, акцентираше пратеникот Крмов.
За актуелната политичка ситуација и досегашното владеење на ДПМНЕ, истакна дека знаците што ги покажале во првите шест месеци се лоши. Лошите знаци ги гледа во ретерирање од неупотреба на придавката Северна, зголемување на министерските места, зголемување на трошоците, зголемување на плати на администрација во влада, отварање на измислени функционерски места во царина за да се удоволи на коалициониот партнер, всушност, делување спротивно на она што го ветуваа.
За претстојните локални избори Крмов смета дека Левица кај македонскиот електорат полека се профилира како најсилна опозиција. Според него досега колку и да биле лоши една од големите партии од македонскиот блок сепак се знаело дека и е загарантирано второто место.
-„Сега тоа веќе не е така. Во многу општини Левица е втора партија. А голем дел од разочараните гласачи на ДПМНЕ и СДСМ се вртат на кај нас”, вели Крмов.