Утрински Весник
Македонија

Крмов до Гаши: Неделовнички ставате Закони на дневен ред поради неажурноста на министрите

Borislav krmov scaled 1.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов до спикерот Африм Гаши на денешната собраниска седница.

„Претседателе, моето процедурално денес е заради грубо кршење на членот 72 од Деловникот. Овој член предвидува дека законите примени по петтиот работен ден од месецот се разгледуваат на седница дури наредниот месец. Вие на денешнава седница имате ставено дури девет закони на дневен ред, кои ние ги имаме добиено пред неколку дена, односно после 5-тиот ден во месецот. Буквално ја покривате неспособноста на министрите во Владата и не е работа на законодавниот дом да ја покрива неспособноста на Владата. Јас сакам претседателе Гаши да ве потсетам дека Деловникот на Собранието на Република Македонија е акт со тежина на закон. Значи, вие кршите закон само и само да покриете една неспособност и неажурност на Владата”.

Можете да прочитате

Јанев со радикален потег во Куманово: Целосно сменета единицата за борба против дрога

ЕУ забрзува со четири кандидати, Македонија ја нема на листата – Кос: Променете го Уставот

Странци ловат дивокози во Маврово и ја пијат крвта – „Еко-свест“ бара итен мораториум