Утрински Весник
Македонија

Кривичниот суд се правда за Ласкарци: Ургираме, но не ни го доставуваат супервештачењето

Кривичниот суд се правда за Ласкарци: Ургираме, но не ни го доставуваат супервештачењето

Основниот кривичен суд Скопје се огласи со соопштение во врска со денешните медиумски изјави на дел од оштетените во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци.

dobivaj vesti na viber

Од судот велат дека до овој момент имаaт доставено девет ургенции до Бирото за судски вештачење за навремено изработување на супервештачењето, кое е неопходно за да се заврши доказната постапка, да се изведат завршните зборови и да се донесе пресуда.

За сите ургенции, велат од судот, но и за одолговлекувањето од цела една година, го известиле и Судскиот совет, а на неодамнешниот промотивен настан во судот за случајот беше запознаен и свој став даде и министерот за правда.

Предметот на 21 декември минатата година беше испратен на супервештачење во Бирото за судски вештачења, како надлежен орган кој треба да состави тим од вешти лица за изготвување на наодот, со оглед да претходно Техничкиот факултет во Битола одби да го изработи супервештачењето поради немање доволно вештаци.

„Бирото за судски вештачења има побарано дозвола за увид во возилото, за да може да го финализираат наодот, која дозвола судот веднаш по добиеното барање, на 7.10.2022 година, им ја има издадено. Во меѓувреме, судот насрочи неколку термини за продолжување на расправата поради добиено ветување од Бирото дека привршуваат со вештиот наод. За потоа Бирото да побара нова дозвола за увид, која на 10.11.2022 година им е издадена за повторно да вршат увидот на 29 ноември. Судот, со оглед дека сè уште не го добил супервештачењето, за секоја презакажана расправа ги известува странките, но и оштетените преку нивните полномошници, дека предметот заедно со вештиот наод сè уште не се вратени и судот нема законски услови да продолжи со судењето“, велат од кривичниот суд.

Заради сето тоа, како што додаваат, оштетените треба да знаат дека судот поради сензибилноста ја водеше постапката со забрзано темпо и покрај ограничувањата од ковид-мерките. Медиумите и невладините организации беа присутни на секоја расправа и е одговорено на сите барања од странките. Но, во овој момент судот, исто како и оштетените и другите странки во постапката веќе цела година се во исчекување на наодот од Бирото за супер вештачења, па поради тоа ги упатуваме оштетените одговор да побараат и самото Биро со оглед дека на нашите ургенции, а и целиот медиумски интерес за предметот, не влијаат за побрзо завршување на постапката, велат од кривичниот суд.

Можете да прочитате

Доживотен затвор за 60-годишниот кочанчанец кој со повеќе од 40 убоди со нож уби жена

Отворен Саемот на книга – книгите да ги негуваме како симбол на надеж и дијалог

Битолчанец од балкон на Широк Сокак со воздушна пушка пукал во куче скитник