Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за четворица – пукале на семејна веселба – од жена одземен пиштол со 34 куршуми

Kursum.jpg

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против четири лица од Дебар – В.П. (35) со престој во САД, Ф.П. (29), Р.П. (34) и А.П. (32) – поради сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ согласно член 288 од Кривичниот законик.

Според полицискиот билтен, инцидентот се случил на 1 август 2025 година за време на семејна веселба во куќа покрај Дебарското Езеро, каде пријавените неовластено пукале со огнено оружје и ја загрозиле безбедноста на присутните гости.


При преземените мерки во координација со јавен обвинител, полицијата го лишила од слобода Ф.П., кај кого бил пронајден и одземен пиштол марка „Магнум“. При претрес по судска наредба во куќата сопственост на Б.П. и А.П., биле пронајдени и одземени уште два пиштола – „Стејр“ и „Глок“.

Од жената А.П. бил одземен пиштолот „Глок“ со 34 куршуми. Сите четворица ќе се соочат со соодветни кривични постапки.

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него