Утрински Весник
Македонија

Кривична за тетовец: Полицијата му заплени пушка, куршуми и дигитална вага за дрога

Vozdusna puska r5xwjgcyrozbtt4dfxqv1ejjvklvtnoww1ywueziqo.jpg

Автоматска пушка и поголема количина муниција, кои се строго забранети за поседување од граѓани, пронајде полицијата при претрес во домот на жител на тетовското село Орашје.

Покрај нелегалниот арсенал, кој вклучувал пушка, две рамки со 22 куршуми и дополнителни 78 куршуми со непознат калибар, во домот биле откриени и наркотици. Полицијата пронашла околу 10 грама марихуана, како и дигитална вага и дробилка со траги од дрога, што укажува на препродажба.

Основното јавно обвинителство Тетово веднаш донесе наредба за истрага и побара притвор за осомничениот.

„Поради опасност од бегство, можност за влијание за постапката и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информираат од обвинителството.

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична