Утрински Весник
Македонија

Кривична за две лица, првиот издал лажна сообраќајна дозвола, а вториот ја покажувал пред полицијата

Кривична пријава против две лица од Скопје за давање поткуп на вработена во Одделението за урбанизам

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и против С.Ш.(41) од с.Блаце, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед.

Таквата невалидна сообраќајна дозвола му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон