Утрински Весник
Македонија

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: Им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

Zatvorr.png

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т., извести МВР.

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза – за одбраната наодот е по европски стандарди што не важат во земјава

Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Политички мотивиран терористички чин со многу неодговорени прашања

Нападната екипа на Итна помош во Скопје: Медицински тим констатирал смрт кај жена, сопругот и братот се заканувале