Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за малтретирање во вршење на службата

Полиција e1683302341273

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против А.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот во својство на полициски службеник во Полициската станица Охрид, при преземање на службени дејствија, неосновано и прекумерно употребил физичка сила над К.Н. од Охрид. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.

Можете да прочитате

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен