Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување против фирма од Струмица и двајца управители

Denari Pari.jpg

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и против В.Ј. (35) и С.П. (44), двајцата од Струмица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Според пријавата, правниот субјект, во својство на даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. како управители на фирмата, во текот на 2024 година избегнале да ја исполнат законската даночна обврска. Тие поднеле даночни пријави до Управата за јавни приходи, но не го уплатиле данокот што го должеле на утврдените сметки, со намера да се стекнат со противправна имотна корист.

Станува збор за неплатен данок на додадена вредност (ДДВ), и тоа за периодот од 1 април до 30 јуни 2024 година во износ од 1.340.048 денари, како и за периодот од 1 октомври до 31 декември 2024 година во износ од 8.691 денар.

Со ваквите дејствија, според полицијата, во текот на контролираните периоди во 2024 година бил оштетен буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 1.348.739 денари.

Можете да прочитате

Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно” на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки”

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: време е за европски и јасни правила

Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи, Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент